Merve Berker
27 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
ЕРЗУРУМ (АА) - Туристите започнаа да го посетуваат Паландокен, едно од омилените турски зимски идилични дестинации во источната област Ерзурум.
Со поддршка на Асоцијацијата на турски агенции за патувања (TURSAB)), ски-центарот Паландокен, зимско одморалиште за алпско и скијање на даска на планината Паландокен, секоја година е домаќин на илјадници домашни и странски туристи.
И со почетокот на новата сезона во декември, центарот им посакува добредојде на гостите, придржувајќи се кон упатствата за спречување на ширењето на Ковид-19.
Поради екстремните временски услови, минатата година скијачкиот центар искуси одложувања и откажувања на летовите. Сепак, овој пат тие проблеми се минимизирани по инсталирањето на системот за прецизно слетување CAT.
„Вчера пристигна нашата прва група украински туристи кои ќе бидат наши гости 7 дена“, изјави за Агенција Анадолија (АА) претседателот на Управниот одбор на ТУРСАБ, Куршат Озекен. Сите наши хотели во Паландокен добија сертификат за безбеден туризам од Министерството за култура и туризам. Нашиот персонал е соодветно обучен и им посакуваме добредојде на нашите гости во согласност со правилата.“
Тој додаде дека гостите ќе уживаат во скијањето, како и во посетата на музеите и историските локалитети за време на нивниот престој.
Озекен истакна дека туристите што влегуваат во Турција по воведувањето на задолжителен негативен ПЦР-тест за Ковид-19 го минимизираат ризикот од вирусот. Тој им се заблагодари на претставниците на ТУРСАБ, општината и канцеларијата на гувернерот за нивните напори во промовирањето на безбедниот туризам.