Dilan Pamuk
27 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
АНКАРА/ХАКЌАРИ (АА) - Турски војник загина во лавина во југоисточната турска област Хакќари, соопшти денес Министерството за одбрана на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Војниците расчистувале снег од патот во близина на воената база, кога на тоа место паднала лавина.
Во соопштението се наведува дека двајца војници биле заробени во лавината. Еден од нив бил спасен и пренесен во државната болница, но не преживеал.

Идриз Акбијик, гувернерот на Хакќари, рече дека војникот бил тешко повреден и им подлегнал на повредите и покрај сите медицински интервенции.
Акбијик додаде дека 37 припадници на специјалните служби и жандармеријата во моментов се обидуваат да го спасат другиот војник.
Турското Министерство упати сочувство и длабоко жалење до семејството на војникот, до Турските вооружени сили и до турската нација.