Esra Tekin
21 Мај 2024•Ажурирај: 22 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа шестмина терористи на ПКК во Северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.
„Нашите херојски Турски вооружени сили неутрализираа шестмина терористи на ПКК откриени во зоната на операцијата ‘Канџа-катанец’ во Северен Ирак“, соопшти Министерството на платформата X.
Министерството додаде дека антитерористичките операции на Туркије ќе продолжат одлучно и без прекин.
Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за да ги неутрализира засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан во близина на турската граница.