Talip Demirci
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
АНТАЛИЈА
Во рамките на одбележувањето на 29 Октомври - Денот на Република Турција, во античкиот град Патари, недалеку од Кас во Анталија, синќа е одржан Голем републички концерт во соработка со Директоратот за комуникации и Министерството за култура и туризам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателскиот симфониски оркестар одржа концерт кој започна со интонирање на химната на Република Турција во 19:23 часот, што е симболично на годината на основање на Република Турција.
Концертот траеше половина час, а многу телевизиски куќи имаа директен пренос за гледачите покрај малите екрани да можат да уживаат во концертот.
Воедно, покрај концертот, истовремено се одржани и светлосни перформанси.
Плоштадот на Републиката е украсен со знамињата на Република Турција, а од 20:30 часот до полноќ во општината Кас е организирана програма по повод Денот на Републиката.
Началникот на подрачјето, Шабан Арда Јазиџи, во таа пригода изјави дека таму каде што има турски народ, има и благосостојба, мир и братство.
Началникот на општината, Мутлу Улуташ, изјави дека во земјата 97 години живее волјата на народот.
„Сѐ додека оваа држава и народот се едно, ова знаме ќе се виори, оваа татковина нема да биде поделена ниту езаните стишени. Оваа држава која на нозе стои 97 години и овој народ ќе продолжат да чекорат со сигурни чекори“, изјави Улуташ.
По повод одбележувањето на Денот на Републиката, одржани се и концерти на локалните уметници, додека одредени објекти се осветлени во боите на турското знаме, а организиран е и огномет.