Gökhan Ergöçün
30 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Турција угости околу 9,46 милиони странски посетители во текот на првите девет месеци од 2020 година, објави денеска Министерството за култура и туризам на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Покрај мерките за ограничување на движењето и патувањата низ светот поради пандемијата на Ковид-19, бројот на странски посетители кои ја посетија земјата опадна околу 74 отсто на годишно ниво“, покажуваат податоците на Министерството.
Додека земјата беше домаќин на 4 милиони странски посетители во последните два месеци, август и септември, оваа бројка изнесуваше само околу 50.000 за време на април и мај, додека пандемијата во Турција беше на врвот.
Во деветмесечниот период Истанбул остана најголема туристичка дестинација во Турција, привлекувајќи 38,28 отсто од сите посетители, околу 3,6 милиони.
Медитеранскиот туристички град Анталија следува со 25,56 отсто или над 2,4 милиони странски посетители во истиот период, а северозападната област Едрене, која граничи со Бугарија и Грција, е на трето место со 13,16 отсто.
Околу 7,2 милиони посетители дошле во Турција по воздушен пат, додека 2,12 милиони лица по автопат, 148.550 по морски пат и 4.523 преку железнички сообраќај.
Русите сочинуваат околу 15 отсто или речиси 1,4 милиони од посетителите, по кои следуваат Германците со 9,65 отсто (912.749 посетители) и Украинците со околу 8,17 отсто (772.851).
Во септември, земјата забележа 2,2 милиони странски посетители, што претставува пад од 59,40 отсто на годишно ниво.
Во 2019 година, повеќе од 45 милиони странски жители влегоа во земјата, во однос на речиси 39,5 милиони во 2018 година.
Пополнетост на хотелите
„Стапката на пополнетост на хотелите низ Турција е 35,4 отсто во деветмесечниот период, што е за 47,8 отсто помалку од истиот период минатата година“, соопшти хотелската асоцијација.
Просечната дневна стапка (ADR) за собите во истиот период падна за 9 отсто, на 72 евра (84 долари), додека приходот по достапна соба (RevPAR) е намален за 52,5 отсто, на 25,4 евра (29,6 долари), според турската асоцијација на хотели (TUROB).
Стапката на пополнетост изнесуваше 44,9 отсто во септември, што е за 39,6 отсто помалку од една минатата? година.
„Голем број хотели во Турција привремено затворија поради пандемијата, а стапката на искористеност од 44,9 отсто е пресметана од хотелите кои решиле да останат отворени“, соопшти групата.
Просечната дневна стапка се искачи 4,8 отсто, на 87,2 евра (101,7 долари), RevPAR се намали за 36,8 отсто, на 39,1 евро (46,2 долари) во септември.
Највисока стапка на посетеност е забележана во Анталија во септември, 60,5 отсто и во деветмесечниот период, 39,8 отсто.