Halil Şahin
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИЗМИР (АА) - Во комплекс во Измир, во западниот дел на Турција, во кој се наоѓа училиште, затворено поради сомневање за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, пронајден е тунел меѓу џамијата и кантината на училиштето, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за приватното средно училиште „Јаманлар”.
Училиштето е затворено по обидот за државен удар кои го изведоа воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО на 15 јули.
Од локалните власти за образование беше соопштено дека комплексот се наоѓа во местото Бајракли и дека поранешен ученик на училиштето кажал оти постои премин меѓу џамијата и кантината, по што полицијата започна истрага.
Во зградата во која се наоѓа кантината, на местото каде што се наоѓаат котлите за греење, откриен е тунел висок два и широк еден метар. Тунелот е осветлен.
Екипите кои поминаа низ тунелот, открија соба на долниот кат од џамијата.
Се истражува за што се користел тунелот чија вкупна должина изнесува над 200 метри.
Од друга страна, во зградата на училиштето откриен е лифт кој возел само на одредени катови на кои се наоѓале просториите за состаноци, нумерирани соби со врати слични на хотелските соби и кујна. На другите катови просторот за лифтот е сокриен со огледала долж ѕидот.
По обидот за државен удар утврдено е дека образовните институции „Јаманлар” имале важно место во терористичката организација, и дека тоа била првата образовна институција на ФЕТО.
„Избраните студенти”, кои посетувале настава на колеџот „Јаманлар” подоцна следеле настава во воените училишта. По завршувањето на воените училишта, во посебни простории на колеџот се положувала заклетва на верност на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Училиштето подоцна е преименувано и добило име по Илхан Варанк, професор на Универзитетот „Јилдиз Текник”, кој го загуби животот во демонстрациите за време на обидот за државен удар во Истанбул.
Џамијата во комплексот претходно не била верски објект туку се користела како библиотека. За религиозни обреди се отвори вчера и носи назив „Џамија на мачениците од 15 јули”.