Yunus Okur
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Во акциите против терористичката организација ПКК, спроведени во југоисточниот дел на Турција, од 1 декември 2016 година до 28 февруари 2017 се неутрализирани 396 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на безбедносните сили на Турција, и покрај неповолните временски услови, во текот на зимата спроведуваа антитерористички акции на подрачјето на источна и југоисточна Анадолија.
Акциите се организирани во градовите Хакќари, Битлис, Тунџели, Дијарбакир, Мардин, Муш, Агри, Ширнак, Сирт, Батман, Бинѓол и во нивните рурални подрачја.
Антитерористичките акции беа поддржани од воздух со бомбардерите Ф-16, хеликоптери и со беспилотни летала, а во акциите на копно е користена артилерија, топлотни камери и оклопни возила.
При изведувањето на акциите, припадниците на безбедносните сили особено обрнаа внимание на тоа акциите да не го загрозат цивилното население.
Во текот на неколкуте зимски месеци, на припадниците на сепаратистичката група ПКК им се нанесени тешки удари, неутрализирани се голем број терористи, а уништени се и голем број упоришта.
Во акциите е нанесен еден од најтешките удари на ПКК во последните неколку години.
Безбедносните извори истакнаа дека акциите ќе бидат одлучно продолжени и во наредниот период.