Yakup Bakar
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
ЕРЗИНЏАН (АА) - Според првичните сознанија, седум лица го загубија животот, од кои 3 деца, а 3 лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во турскиот град Ерзинџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Автомобил што се движел на магистралата меѓу градовите Ерзинџан и Сивас се судрил со друго возило кое доаѓало од спротивна насока. Во двете возила се наоѓале вкупно 10 лица.
Според првичните сознанија, во несреќата животот го загубија 7 лица од кои 3 деца, а 3 лица се повредени.
Повредените се пренесени во болница во Ерзинџан.