Yıldız Nevin Gündoğmuş
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека најголемата гаранција против нападите врз економијата е одлучноста на народот да ја заштити татковината, независноста и иднината, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмена честитка по повод одбележувањето на Битката на Малазгирт, претседателот Ердоган нагласи дека предизвикан од бројни напади одвнатре и однадвор, турскиот народ продолжува силно да ја чува оваа територија околу илјада години, и сето тоа благодарение на духот на Малазгирт.
„Најголемата гаранција на Турција е одлучноста на народот за заштита на својата независност, татковина и иднина без разлика на економските напади што се вршат во последно време“, напиша Ердоган.
Битката на Малазгирт се случила на 26 август 1071 година, во која Селџуците, предводени од султанот Алпарслан, ја поразиле византиската војска, при што создале простор за турска доминација во Анадолија.