Muhammed Enes Can
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Во рамките на истрагата која Републичкото обвинителство во Истанбул ја покрена против иранско-турскиот бизнисмен Риза Сараф, одлучено е да се заплени имотот на Риза Сараф и неговите блиски, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА, Кабинетот за борба против тероризмот и организиран криминал при Републичкото обвинителство во Истанбул покрена истрага против осомничениот Риза Сараф.
Исто така, во рамките на истрагата донесена е одлука да се заплени неговиот севкупен имот, како и имотот на најблиските на Сараф.
Потсетуваме, Турција пред две недели упати дипломатска нота на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со иранско-турскиот бизнисмен Риза Зараб, трговец со злато, кој моментално се наоѓа во притвор во Менхетен и против него се води процес.
Зараб е уапсен на 21 март минатата година во САД поради обвинениа за измама како и за злоупотреба на американскиот финансиски систем со што наводно спровел трансакции вредни стотици милиони долари во име на иранската влада и компании, а кои се под санкции на САД.
Исто така, спомнатиот бизнисмен претходно, во 2013. година бил предмет на истрага во Турција. Осомничен е дека илегално продавал злато на Иран преку Турција, што резултираше со апсење. Сепак, целиот случај во 2014. година е отфрлен.