Zehra Aydın
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
АНКАРА (AA) – Најмалку 100 припадници на терористичката организација ПКК, меѓу кои и две водечки имиња неутрализирани се во акциите на безбедносните сили на Турција, спроведени во последните седум дена на истокот на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Република Турција наведено е дека безбедносните сили продолжија со акциите во период од 24. до 30. ноември оваа година, а акциите се водени во градовите Дијарбакир, Тунчели, Битлис, Батман, Сирт и одредени региони на северот на Ирак.
Во текот на акциите неутрализирани се најмалку 100 припадници на терористичката организација ПКК, а меѓу нив се и водечки имиња на оваа организација.
Исто така, во акциите се запленети 70 пушки, еден митролез, еден снајпер, противтенковска мина и голема количина на различно оружје, муниција и експлозив.
Вооружените сили отркија и уништија најмалку 59 пештери кои терористите ги користеле како засолништа.
Освен оружје и муниција, турските безбедносни сили запленија и 66,5 килограми различни наркотици и 67.550 пакувања цигари, 4.108 литри нафта и криумчарени мобилни телефони.
Со тоа е зададен тежок удар на терористите и кога е во прашање финансирањето на организацијата.
ПКК е на листа на терористички организации во Турција, ЕУ и САД.