Erdoğan Çağatay Zontur
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турција е втора земја во светот по пчеларство, по Кина, истакна претставник од пчеларството на одбележувањето на Светскиот ден на пчелите.
„Турција е една од неколкуте самоодржливи земји во однос на пчеларството“, рече Селџук Солмаз, челник на Асоцијацијата на пчелари од Анкара (ABA) за Anadolu Agency (AA).
„Основана во 2003 година, Асоцијацијата има за цел да ги обучува пчеларите, да разговара за потешкотиите со кои се соочуваат во оваа професија, како и да изнајде решенија за производство на разновидните пчелни производи на поплоден и висококвалитетен начин“, објасни Солмаз.
Тој вели дека Турција е една од малкуте земји со разновидни растенија за добивање мед и производство на мед со врвен квалитет.
„Турскиот мед станува баран во рамките на светската кујна“, рече тој, додавајќи: „Варијациите ги опфаќаат и костенот, мајчината душица, цитрусите, борот, лавандата, багремот, високопланинските растенија и медот од див цвет“.
„Неодамна, пчеларите во Турција започнаа со производство на кралско желе, полен, прополис и пчелин отров“, додаде тој.
Солмаз рече дека сега на подрачјето на турскиот главен град, Анкара, има околу 118.000 пчелни кошници, во споредба со 2003 кога имало само околу 50.000.
Ова покажува дека секторот на пчеларство се развива од ден на ден“, рече тој.
- Придонесот за економијата -
Според „Туркстат“ (TurkStat), земјата во 2018 година произвела 107.920.097 тони мед, а во истиот период извезла 5.912 тони.
Тој нагласи дека Турција не е целосно индустријализирана земја. „Тоа е корисно за органско и чисто земјоделство“, порача тој.
Солмаз вели дека пчелите се директно поврзани со безбедноста на храната, одржливото земјоделство и биодиверзитетот.
„Според истражувањето спроведено од Наука и политика за луѓе и природа [IPBES] во 2016 година, производството на храна преку опрашување и осеменување годишно чини околу 235 до 577 милијарди долари“, истакна тој.
„Ако пчелите исчезнат, ќе исчезнат и многу други живи суштества“, рече тој, додавајќи: „Ако сакаме да живееме, ако сакаме нашите деца и внуци да живеат, мора да покажеме најголеми напори за да ги одржиме пчелите живи“.
Сонмез истакна дека пчеларството треба да се практикува не само за зачувување на екосистемот, туку и за подобро користење на растенијата со краток животен век.
Обединетите нации го прогласија 20 мај за Светски ден на пчелите, со цел подигање на свеста за важноста на опрашувачите, како што се пчелите, пеперутките и колибрите, заканите со кои се соочуваат и нивниот придонес кон одржливиот развој.