Fatih Hafız Mehmet
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 91 лице е приведено денес во Турција како дел од истрагата за нерегуларностите на испит за прием во служба во Министерството за надворешни работи, зад коишто нерегуларности стои терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителите во Анкара денес издадоа налози за апсење на 249 осомничени лица, пред почетокот на операциите во 42 области низ земјата.
Во соопштението на обвинителите се вели дека осомничените лица биле примени во Министерството за надворешни работи во 2010, 2011, 2012 и 2013 година.
Се додава дека апсењата се извршени како дел од истрагите за неправилностите извршени за време на овие испити за прием, во корист на припадниците на ФЕТО.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.