Mehmet Şah Yılmaz
06 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција изрази загриженост поради одлуката на Србија Амбасадата во Израел да ја премести во Ерусалим, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Длабоко сме загрижени за одлуката на Србија Амбасадата во Израел да ја премести во Ерусалим“, се наведува во соопштението.
Кажано е и дека меѓународната заедница и Обединетите нации (ОН) ја одбиваат израелската анексија на Ерусалим.
Наведено е и дека повеќепати преку резолуциите на ОН постојано се нагласува дека палестинското прашање може да се реши единствено само преку независна и суверена држава Палестина со граници од 1967 година и со Источен Ерусалим како главен град.
„Додека состојбата е ваква, преместувањето на Амбасадата на која било земја во Израел во Ерусалим ќе биде јасно кршење на меѓународното право“, се вели во соопштението.
Се упатува повик до сите земји да се придржуваат до усвоените резолуции на ОН, да го почитуваат историскиот и правниот статус на Ерусалим и да избегнуваат чекори што ќе го отежнат постигнувањето на решение за израелско-палестинскиот конфликт.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека Косово ќе ги нормализира односите со Израел, а дека Србија ќе ја премести Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.