Hamdi Çelikbaş
22 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер е регистриран во водите на областа Мугла, во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за управување со вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 5,3 степени во 1.14 часот по локално време, е регистриран во водите на подрачјето Датча, во Егејското Море.
Земјотресот се случил на длабочина од 11,4 километри, на оддалеченост од околу 40 километри од Дача.
АФАД преку Твитер соопшти дека до 1:25 часот по локално време немало неповолни дојави од тоа подрачје.