АНКАРА (АА) - Турција и Кина ја зголемуваат својата соработка на полето на енергетиката преку низа проекти, истакна турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, јавува Anadolu Agency (AA).
Донмез објасни дека во последниве години Турција и Кина имаат реализирано значајни инвестиции во областа на енергетиката, од кои еден од главните проекти е и нуклеарна централа, за која речиси една година во тек се детални истражувања и физибилити студија со кинеската Национална нуклеарна корпорација.
Во ноември 2014 година, турската Државна компанија за производство на електрична енергија EUAS, кинеската Државна нуклеарна електроенергетска корпорација (SNPTC) и Компанијата „Вестингхаус електрик“ (Westinghouse Electric) со седиште во САД, склучија повеќестран договор за преговори за развој и изградба на третата нуклеарна централа во Турција.
Потоа, во јуни 2016 година Турција и Кина потпишаа меморандум за разбирање за развој на нуклеарната технологија.
Во јуни 2018 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција, најверојатно, ќе ја гради својата трета нуклеарна централа во соработка со Кина.
Неодамна, во јануари 2019 година, турското Министерство за енергетика објави дека 32 студенти ќе бидат испратени во Русија и Кина, со цел обезбедување професионална, квалификувана работна сила за планираните нуклеарни централи во Турција.
- Паметните мрежи неопходни за ефикасна електрична мрежа -
„Друга област на соработка е технологијата на паметна мрежа“, нагласи Донмез, додавајќи дека Државната мрежна корпорација на Кина и Компанијата за електрични инсталации и инженерски услуги на Турција, кои веќе имаат склучено договор за соработка, го разгледале договорот и ги унапредиле плановите за иднина.
„Одржуваме состаноци со високи функционери од Државната мрежна корпорација на Кина“, рече тој.
„Точките на агендата ќе вклучуваат дополнителни мерки за осигурување на мрежите против надворешни закани, особено во однос на софтверот“, рече министерот Донмез.
„Паметните мрежи се неопходни за зголемување на оперативната ефикасност на електричната мрежа, а истовремено и за потрошувачите, кои можат поефикасно да ја користат енергијата“, додаде тој.
Донмез истакна дека Кина и Турција имаат сличности во тоа што и двете земји се карактеризираат со големо растојание помеѓу ресурсите и енергетските региони.
„Тие [Кина] имаат големо искуство во контролирањето на преносните линии (далноводи), менаџирање со електричната енергија од далечина и преземање на неопходните мерки на претпазливост [за ефикасна дистрибуција на електрична енергија], според тоа ќе имаме корист од нив“, истакна Донмез.
Тој нагласи дека ќе биде потребно време да се ажурира мрежата за да стане паметна. „Никаде во светот ваквата примена не е направена одеднаш.“