Seyit Ahmet Aytaç
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
КИЛИС (АА) - Терористите на ПЈД/ПКК како резултат на тековната операција „Маслинова гранка“, спроведена со цел нивно и уништување на ДЕАШ, денес испалија ракета на турското погранично подрачје на Килис, во кој цел беа цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Ракетата паднала во нива во населбата Сих Мехмет во Килис.
Нема пријавено жртви како последица на нападот.
Турските сили веднаш одговорија на нападот со хаубиците од типот „Фиртина“.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Од почетокот на операцијата, во Килис паднаа 20 ракети, при што двајца цивили загинаа, а 21 беа повредени.