Şener Toktaş
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
БИТЛИС (АА) - Канцеларијата на гувернерот на турската област Битлис соопшти дека во лавината која се урна врз припадниците на турските безбедносни сили во текот на акцијата против терористичката организација ПКК, животот го загубиле 5 војници, додека 12-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се додава дека лавината паднала врз припадниците на турските безбедносни сили за време на антитерористичката акција во подрачјето на Хизан.
Повредените војници не се во животна опасност.
„Повредените со хеликоптер се префрлени во Битлис и во државната болница во Хизан. На местото на несреќата се упатени екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), а во тек е акција за спасување”, се наведува во соопштението.