Ercan Canbolat
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - Во ракетниот напад извршен во подрачјето на Рејханли, во турската област Хатај, загина мигрант од Сирија, а ранети се 32 турски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Ракетниот напад извршен од страна на припадниците на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во Сирија го осуди и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
„Остро го осудувам ракетниот напад на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во Рејханли, во кој загина наш гостин од Сирија и беа ранети 32 наши државјани. Овој напад на терористите врз невини луѓе го покажува вистинското лице на ПЈД/ЈПГ“, напиша Чавушоглу на Твитер (Twitter).
Турските сили презедоа зајакнати безбедносни мерки во Рејханли, во близина на границата со Сирија и подрачјето на Африн, каде што вчера турските вооружени сили ја започнаа воената операција „Маслинова гранка“, против терористите на ПЈД/ПКК.