A. Eda Ünlü Özen
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АНКАРА (АА) – Во заедничка операција на Турската разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК) во Кандил, неутрализирана е терористката Ајфер Корду, која се наоѓа во црвената категорија на терористи, одговорна за структурирање на жените во терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори во регионот, продолжуваат операциите кон највисокото раководство на ПКК.
Во координирана операција на Турската разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК) во подрачјето на Кандил во Ирак извршена е воздушна операција, при која е неутрализирана терористката, одговорна за структурирање на жените во терористичката организација ПКК/КJК.
Во согласност со разузнавачките информации добиени од МИТ, во воздушната операција извршена на 13 септември 2019 година неутрализирана е терористката Ајфер Корду, со кодно име „Бесе Ерзинчан“ од црвената категорија на барани терористи, член на Извршниот совет на ПКК/КЏК и одговорна за ПКК/КJК.
Ајфер Корду, со кодно име „Бесе Ерзинчан“ во терористичката организација се приклучи на крајот на осумдесеттите години. Таа во Либија и Сирија од водачот на терористичката организација, Абдула Оџалан, се здобила со политичка и воена обука. Исто така, таа е една од одговорните за структурирање на жените во терористичката организација.
Ајфер Корду, одговорна за координација на ПКК/КJК, исто така е одговорна за обука, регрутирање, организирање и насочување на сите жени терористи, вклучително и жените терористи од високо ниво како што се Хулја Оран, со кодно име „Бесе Хозат“ и Нурије Кесбир со кодно име „Создер Авеста“.