Orhan Onur Gemici
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
АНКАРА
Турската разузнавачка служба МИТ преку една операција ја спаси државјанката на Молдавија, Наталија Баркал, нејзините 4 деца кои присилно беа задржани во кампот ал Хавл во северниот дел на Сирија од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По италијанката Силвиа Констанцо Романа, МИТ повторно успешно ја заврши операцијата за спасување на заложници.
Според добиените информации, државјанката на Молдавија, Наталија Баркал, која заедно со нејзиниот сириски сопруг и децата во 2013 година отишле во Сирија за трговија, од страна на ЈПГ/ПКК присилно била испратена во кампот ал Хавл.

Откако владата на Молдавија побара помош од Турција, МИТ изврши истражување во врска со состојбата на Наталија Баркал и нејзините деца.
МИТ откри дека Баркал и нејзините 4 деца откако за 23 дена биле задржани во затвор во Мунбич, биле пренесени во ал Хавл од страна на ПКК/ЈПГ.
- Операцијата била извршена со автентични разузнавачки методи
МИТ преку истражувањето извршено со технички можности и автентични разузнавачки методи, го откри точното место на Баркал и нејзините 4 деца.
Припадниците на МИТ, откако контактираа со Баркал, ѝ објаснија како треба да избега од кампот.
Баркал и нејзините деца преку операцијата извршена на 6 јули, беа извлечени од кампот ал Хавл во Хасеке, а најпрвин беа пренесени во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, а потоа во безбедно место во Тел Абјад.
- „Благодарност до Турција“
Баркал со притисок на ЈПГ долго време живеела во тешки услови со нејзините 4 деца, од кои најмалото дете е едно годишно, додека најголемото дете е 10 годишно.
„Благодарна сум на турската држава. Турција е многу голема земја“, рече Баркал.
Меѓу другото, претседателот на Молдавија, Игор Додон, на социјалните мрежи ги сподели фотографиите на Баркал и нејзините 4 деца, кои ги пречако откако се вратиле во земјата.