Ekipa
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили објавија извештај за комуникациските методи на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористичката организација користи шифрирани телефонски линии, курири, белешки, социјални медиуми, телефонски говорници, медиуми, компјутерски програми за комуникација, како и директна комуникација“, пишува во извештајот на Генералниот директорат за безбедност на Одделот за борба против тероризмот.
„ФЕТО дејствувал доверливо и во комуникацијата, како и во другите области на активност“, се вели во извештајот, додавајќи дека куририте се сметаат за еден од најсигурните методи за комуникација.
Во извештајот нагласува дека припадниците на ФЕТО за многу важни прашања дискутираат кога директно комуницираат со нивниот водач. Високите припадници на организацијата во овој контекст се среќаваат со Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, САД, за да добијат инструкции и да го информираат за нивните активности.
„Шифрираните телефони се особено користени за контакт со нивните училишта во странство“, пишува во извештајот, во кој се додава дека апликациите „ByLock“, „Eagle“, „Shu“ и „Falcon“ биле користени за комуникација со употреба на иконите на апликациите како што се Фејсбук, Гугл Хром, Интернет Експлорер и Твитер.
„Турските безбедносни сили својата прва операција ја извршија на 31 март 2017 година во северозападната област Текирдаг, со цел апсење на осомничените лица кои комуницирале со тајните имами на ФЕТО преку говорници“, се вели во извештајот.
Безбедносните сили извршија 677 операции во 76 области од 5 декември 2018 година, апсејќи 3.631 осомничено лице од вкупно 9.352 за кои биле издадени налози за апсење. Во извештајот, исто така, се вели дека 553 лица биле ослободени.
„Суштинско значење за нашата национална безбедност претставува целосното дешифрирање на оваа организација, со оглед на фактот дека милитантите во форма на државни службеници се обидуваат да стават маска дека имаат различни начини на живеење и политички ставови како мерка на претпазливост, па така организацијата и нејзините членови не се целосно дешифрирани дури и денес“, се вели во извештајот.
Во извештајот, исто така, се вели дека е многу тешко да се идентификуваат тајните имами во Турските вооружени сили преку административните истраги, бидејќи тие придаваат големо значење на доверливоста.
Во извештајот се нагласува дека намерата на овие осомничени може да биде откриена само преку судски истраги и разузнавачки техники.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.