Jeyhun Aliyev
23 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Кандидатот за градоначалник на Истанбул од опозицијата, Екрем Имамоглу, го даде својот глас на изборите во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (CHP) Имамоглу, во придружба на сопругата, гласаше во истанбулската населба Бејликдузу.
Имамоглу е кандидат за градоначалник на метрополата Истанбул на повторените избори, откако претходните избори одржани на 31-ви март беа поништени од страна на турската Врховна изборна комисија, минатиот месец. Неговиот ривал на изборите е кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Parti) и поранешен премиер Бинали Јилдирим.
Резултатите од изборите на 31 март беа поништени откако беа утврдени низа нерегуларности и кршење на Изборниот законик, како и поради тоа што на повеќе од 754 избирачки места не биле ангажирани државни службеници како што наложуваат турските закони.
Според податоците на Врховната изборна комисија на Турција (YSK), право на глас на денешните избори во Истанбул имаат 10.560.963 регистрирани гласачи, кои ќе можат да гласаат на вкупно 31.342 избирачки места.
Избирачките места беа отворени во 8:00 часот по локално време, а граѓаните на Истанбул ќе можат да гласаат до 17:00 часот.