Halil Demir
20 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили во рамките на големата антитерористичка акција приведоа 28, од вкупно 38 осомничени за пружање на финансиска помош на терористите на ПКК во затворите во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со истрагата е утврдено дека терористичката организација ПКК ги формирала т.н. затворски структури кои пружале финансиска помош на терористите кои во затворите ги отслужуваат изречените казни.
Постапувајќи по налог за приведување на 38 осомничени, турската полиција започна акција во четири турски области и досега приведе 28 лица.
За време на претресот на повеќе адреси е запленето оружје, муниција, наркотици и документација на терористичката организација ПКК.
Приведените се предадени на надлежните институтции на понатамошно процесуирање, а полицијата и понатаму трага по преостанатите 10 осомничени.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.