Ekipa
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Во акција на безбедносните сили на Турција приведени се најмалку 39 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата што ја води Републичкото обвинителство во Анкара, издаден е налог за приведување на 53 лица за кои е утврдено дека користеле „Бајлок“ (ByLock), систем за шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО.
Во акцијата што ја спроведува Одделот на турската полиција за борба против финансиски криминал досега се приведени најмалку 39 лица. Акцијата за приведување на останатите осомничени продолжува.
Се дознава, исто така, дека меѓу приведените припадници на ФЕТО се наоѓаат Али Емре Оксуз, брат на Адил Оксуз, едно од челните имиња во рамките на структурите на терористичката организација ФЕТО, познат како „имам на воздушните сили“.
Пучистите на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да изведат државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а ранети беа над 2.000 лица.
Обидот за државен удар беше спречен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците во Истанбул, Анкара и други делови на земјата и храбро, со голи раце застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во земјата.