Ekip
08 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Пред Генералниот конзулат на Израел во Истанбул, Турција, синоќа се собраа граѓани за да протестираат против израелските напади врз џамијата „Ал-Акса“, на портата Дамаск во Стариот град и во дистриктот Шеик Џарах во Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската полиција се обиде синоќа да ги растера верниците во Харем-и Шериф во џамијата „Ал-Акса“, користејќи шок-бомби и солзавец.
Од палестинската Црвена полумесечина е наведено дека во нападите се повредени 205 Палестинци, од кои 88 се хоспитализирани.
За муслиманите, „Ал-Акса“ претставува трето најважно светилиште, а Евреите сметаат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храма.
Комплексот Ал-Акса, што се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ал-Кудс, се наоѓа под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.
По Месџидул-Харем во Мека и Џамијата на божјиот пратеник Мухамед во Медина, Ал-Акса е трето место по важност за муслиманите.