Cüneyt Çelik,Selami Küçükoğlu
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
КАРС (АА) – Илјадници лица се собраа и маршираа во турскиот град Карс во сеќавање на жртвите од битката Сарикамиш во Првата светска војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Маршот започна од местото Кизилчубук, каде што започнала воената операција против руската војска за време на Првата светска војна.

Маршот долг 4,5 километри, насловен „Турција маршира со шехидите“, ја одбележува 105-годишнината од битката, во која околу 90.000 турски војници починаа од студ.
Меѓу големиот број личности од политичката и граѓанската сцена на Турција, беше и заменик-претседателот на Големото народно собрание на Турција, Џелал Адан, министерот за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу и министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли.