Berk Özkan
04 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговори со претседателот на Иран, Хасан Рохани, и со претседателот на Ирак, Берхем Салих, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација ја потврдија извори од турското Претседателство.
Ердоган во телефонските разговори со Рохани и со Салих се осврнал на последните случувања во регионот.
Турскиот претседател со својот ирански и ирачки колега разговарал и за билатералните односи.