Ekipa
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
МЕРСИН (АА) - Единаесет Сиријци и еден турски државјанин се спасени откако нивниот чамец се преврте недалеку од брегот на Ердемли, во турската област Мерсин, соопшти рано утрово турската Крајбрежна стража, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите беа пренесени во локалните болници и се во добра здравствена состојба, додека потрагата во областа продолжува за да се провери дека нема други исчезнати, соопшти Командата на крајбрежната стража.
Турскиот државјанин, кој се сомничи за криумчарење мигранти, е уапсен од страна на безбедносните сили.
Чамецот е откриен откако рибар во близина го видел чамецот со мигранти како тоне.
Турција е главната рута за бегалците кои се обидуваат да стигнат во Европа, особено од 2011 година, по почетокот на граѓанската војна во Сирија.
Од мигрантите фатени во 2017 година во Турција, мнозинството се од Пакистан, околу 15.000, по што следуваат Авганистанците со околу 12.000, и околу 10.000 Сиријци. Забележано е зголемување на приливот на мигранти од 60 отсто, во однос на 2016 година, кога бројот изнесуваше 31.000.