Nilay Kar
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи денес ја поздрави одлуката на американскиот Стејт департмент за распишување награда за фаќање на тројца високи припадници на терористичката ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството, портапролот Хами Аксој истакнува: „Очекуваме овој чекор да биде поткрепен со конкретно делување во Ирак и Сирија како дел од борбата против ПКК и нејзините ограноци“.
Вчера, американската амбасада во Анкара соопшти дека Стејт департментот понудил награди за помагање во фаќањето на тројца високи припадници на терористичката ПКК.
Според Програмата награда за правда, оние кои даваат информации што би довеле до идентификација или лоцирање на Мурат Карајилан, Џемил Бајик или Дуран Калкан, може да добијат награда од 3 до 5 милиони долари.
Објавата за распишување на наградата се случи по официјалната посета на заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, на главниот град Анкара.