Gözde Bayar
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Вкупно 1.553 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО се суспендирани од Турските вооружени сили (TSK) во последните 11 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
„Околу 879 се отпуштени од армијата, 242 се суспендирани од морнарицата, додека 432 од воздухопловните сили“, соопштија безбедносни извори, под услов да останат анонимни.
Поради поврзаност со ФЕТО, поништени им се чиновите на 151 пензионирано воено лице.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен кој живее во САД, стојат зад обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251, а повредени беа речиси 2.200 лица.