Ekipa
08 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските уметници изразија поддршка за протестот на мајките од турскиот град Дијарбакир, кои протестираат пред седиштето на турската опозициска Народна демократска партија (HDP) во овој град, чии деца се киднапирани и однесени в планина, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот актер Ахмет Јенилмез ги посети овие мајки, изразувајќи им поддршка.
Тој на мајките им подели црвени ружи и разговараше со нив.
„Овој ваш став е став за спасување на иднината на вашите деца кои се в планина. Не само 82 милиони, туку целиот умет се моли за вас. Ви благодарам во име на мојот народ и уметот“, додаде Јенилмез.
- Поддршка од социјалните мрежи -
Некои уметници преку социјалните мрежи ја изразија својата поддршка за овие мајки.
Турскиот пејач Џенк Ерен на социјалните мрежи сподели објава со хаштагот „Мајките покажуваат отпор“, во која нагласи: „Се надевам дека мајките во Дијарбакир ќе се обединат со нивните деца.“
Поетот Сердар Тунџер објави фотографија на овие мајки, во врска со која напиша: „Ние сме со мајките, а ти?“.
Меѓу уметниците, кои исто така ја изразија својата поддршка за мајките кои протестираат против киднапирањето на нивните деца се Умут Мураре, Мурат Кекили, Шорај Узун, Семих Капланоглу, Угур Ишилак и Хасан Качан.
На социјалните мрежи е започната кампања за поддршка на мајките од Дијарбакир.
Голем број семејства учествуваат во протестите, откако мајката Февзије Четинкаја организираше протест по повод тврдењата дека нејзиниот 17-годишен син се придружил во редовите на терористичката организација преку членови на Демократската народна партија (HDP), која долго време се товари дека е поврзана со терористичката организација ПКК.