Övünç Kutlu
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Ограничени количества вакцини против Ковид-19 може да бидат достапни пред крајот на 2020 година, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести на Соединетите Американски Држави (ЦДЦ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Многу вакцини се развиваат и тестираат, од кои некои е можно да бидат готови пред останатите - ЦДЦ планира многу можности“, соопштија од Агенцијата.
Се наведува дека безбедноста на секоја потенцијална вакцина е најголемиот приоритет, а снабдувањето со успешна вакцина ќе се зголемува со текот на месеците.
Во случај на ограничени количества од вакцината, ЦДЦ нагласи дека е можна препораката одредени групи први да ја примат вакцината против Ковид-19, а експертите работат на тоа како да ги распределат на фер, етички и транспарентен начин.
Во вторникот, Националниот институт за здравство, главната американска агенција одговорна за биомедицински и медицински истражувања, соопшти дека започнала студија за утврдување на тоа дали одредени одобрени лекови покажуваат позитивни резултати при лекувањето на Ковид-19.
Се наведува дека експерименталниот антивирусен лек „ремдесивир“ покажал позитивни резултати за пациентите.
И на американскиот претседател Доналд Трамп му беше даден овој лек кога беше хоспитализиран како позитивен на вирусот.
Кампањата на администрацијата на Трамп „Warp Speed“ има за цел доставување милиони дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на 2020 година.