Büşra Nur Bilgiç
24 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 276 нерегуларни мигранти се фатени низ цела Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори денес соопштија дека во источната турска област Ерзинџан, по добивањето информација дека мигранти илегално влегле во Турција, полицијата фатила 69 илегални мигранти - сите авганистански државјани, изјави извор под услов да остане анонимен.
Во друг случај, турската Крајбрежна стража фати 64 нерегуларни мигранти, 36 од Централна Африка, 19 од Демократска Република Конго и 9 од Палестина, во чамец недалеку од заливот Сигаџик во подрачјето на Измир.
Околу 17 илегални мигранти, четворица Сиријци, петмина Авганистанци и 8 државјани на Гана, се фатени од страна на жандармеријата во Чешме, Измир, криејќи се во џбуновите, носејќи чамец на надувување.
Две лица се уапсени под обвинение за шверц со луѓе.
Тимови на жандармеријата во северозападната турска област Едрене фатија 123 илегални мигранти од Палестина, Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Иран.
Во друга операција во северозападната турска област Текирдаг жандармериските единици задржаа тројца нерегуларни мигранти од Авганистан за време на редовните патроли.
Уапсени се и двајца шверцери со луѓе.
Сите мигранти се упатени до обласните центри за миграција.
Во последниве години Турција е главната рута за илегалните мигранти кои пронаоѓаат начин да влезат во Европа, особено од 2011 година, по почетокот на граѓанската војна во Сирија.
Според податоците на турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција се фатени над 265.000 илегални мигранти.