Nuran Erkul
08 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турција ќе обезбеди електрична енергија во подрачјето на Алепо, во Џарабулус во Сирија пред големиот исламски празник Курбан Бајрам, кој оваа година се одбележува на 12 септември, денес за Аnadolu Agency изјавија официјални претставници на компанијата за дистрибуција на електрична енергија.
Подрачјето на Џарабулус во Алепо, на 31 август 2016 година беше ослободен од терористите на ДАЕШ во текот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, предводена од силите на Сириската национална коалиција, вклучувајќи ја и Слободната сириска армија (ФСА), а поддржана од страна на турската армија.
Снабдувањето на Џарабулус со електрична енергија ќе биде обезбедено од Центарот за дистрибуција на електрична енергија на Каркамиш, во покраината Газиантеп, во близина на сириската граница, велат официјални претставници кои сакаа да останат анонимни.
Турската компанија за дистрибуција започна со поставување на подземен кабел долг 3 километри, од кои 2 километра ќе бидат поставени на страната на Џарабулус, а поставувањето заврши пред започнувањето на големиот исламски празник Курбан Бајрам.
Курбан Бајрам (Eid al-Adha на арапски) е празник што трае четири дена и е вториот од двата муслимански празника што се прославуваат низ целиот свет секоја година.
- Повторно започна процесот на поврзување меѓу Турција и Сирија на полето на електрична енергија -
Овој проект нѐ увери дека процесот на поврзување меѓу Турција и Сирија на полето на електричната енергија е започнат повторно по четиригодишниот јаз.
Сирија одлучи да добие електрична енерија од турскиот приватен сектор за дистрибуција на електрична енергија во јули 2010 година, a до октомври 2012 година купи 2,3 милијарди киловат часови електрична енергија, при што одлучи да ги намали снабдувањата со електрична енергија од Турција.
Турција одамна воспостави врски на полето на електричната енергија со своите непосредни соседи, исклучувајќи ја Сирија од 2012 година.