Emre Ayvaz
12 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
САКАРИЈА (АА) - Таткото на поранешниот турски репрезентативец Хакан Шуќур, Селмет Шуќур, како дел од истрагата во врска со обидот за државен удар во Турција беше уапсен во Сакарија, во северозападниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Сакарија вчера издаде налог за апсење на поранешниот фудбалер на Галатасарај и на неговиот татко. Селмет Шуќур беше уапсен во Aдапазар.
Судот во Сакарија претходно донесе одлука за одземање на целиот имот на поранешните играчи на турскиот фудбалски клуб Галатасарај, Хакан Шуќур и неговиот татко Селмет Шуќур.
Обвинителството во Сакарија имаше докази дека поранешниот фудбалер на Турција и неговиот татко обезбедувале финансиска поддршка за насилниот терористички култ ФЕТО.
Поради тоа, судот во Сакарија донесе одлука за конфискација на имотот, банкарските сметки, вредни документи, акции, сефови и другиот имот на таткото и синот Шуќур.