Serdar Açıl
28 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили уапсија двајца членови на терористичка организација, во обид да влезат од Сирија во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен претставник за АА изјави дека двајца странски државјани се фатени во близина на граничниот премин во Газиантеп, при обид илегално да влезат во Турција, за кои утврдено е дека станува збор за членови на терористичката организација ДАЕШ.
Уапсените биле предадени на турската жандармерија за понатамошна обработка и се очекува да бидат депортирани во земјата на потекло. Изворот не го откри потеклото на уапсените.
Турските безбедносни сили вршат засилени мерки за безбедност во должина од над 900 километри на границата со Сирија, во која веќе шеста година по ред беснее војна.