Erkan Avci,Ekip
12 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
АНКАРА (AA) - По дипломатскиот скандал помеѓу Холандија и Турција кој се случи откако холандската власт го спречи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерката за труд и социјална политика на Турција Фатма Бетул Сајан Каја, амбасадата и конзулатот на Холандија во Анкара се затворени од безбедносни причини, јавува Anadolu Agency (AA).
Иста процедура применета е и во случај на куќата на вршителот на должност во холандската амбасада и главниот конзулат.
Министерката Каја, чии конвој е задржан во Холандија, изјави дека до главниот конзулат во Ротердам се обидела да дојде во возило на турската амбасада во Холандија, но дека и покрај тоа е спречена.