Muhammet Tarhan,Behlül Çetinkaya
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција е поборник за преговори и заедничко решение за праведна поделба со сите во однос на ресурсите во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу денес во Анкара се состана со алжирскиот колега Сабри Букадум, а по состанокот се осврна и на ситуацијата во регионот.
„Доколку наоружувањето на островот Меис го надмине лимитот одреден со договорите, единствен губитник ќе биде Грција“, изјави Чавушоглу.
Тој рече дека со колегата Букадум разговарале и за ситуацијата во Либија, и додаде дека мирот и стабилноста се важни за целиот регион.
„Единствено можно решение за кризата во Либија е политичкото решение. Тоа го велиме од почетокот. Вложивме многу труд да дојде до примирје. Ќе продолжиме во тој контекст да соработуваме со Алжир“, изјави Чавушоглу.