Yusuf Hatip
28 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ИСЛАМАБАД (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу истакна дека Организацијата за економска соработка (ЕКО) има голем потенцијал да биде значаен играч во регионот, и дека е потребно да се зголемат напорите за да се искористи овој потенцијал, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во својот говор на 13. ЕКО Самит на Советот на министри, чиј домаќин беше Пакистан, нагласи дека овој самит се случува во еден критичен период.
„ЕКО има голем потенцијал да биде значаен играч во регионот. Потребно е да се зголемат напорите за да се искористи овој потенцијал“, истакна Чавушоглу, нагласувајќи дека актуелните политички и економски предизвици ги тераат земјите во регионот повторно да ја разгледат улогата на ЕКО.
Чавушоглу истакна дека најпрвин треба да стапи во сила Трговскиот договор на ЕКО (ЕКОТА), за да се зголеми трговијата меѓу земјите во регионот. Тој апелираше до сите членки на ЕКО да ги исполнат своите обврски за да бидат вклучени во ЕКОТА.
„Треба да го зголемиме институционалниот и финансискиот капацитет на ЕКОБАНК за да ги задоволиме растечките потреби на овој регион“, истакна Чавушоглу, и посочи кон тоа дека Банката за трговија и развој на ЕКО (ЕКОБАНК) игра значајна улога во финансирањето на проектите.
- Транспортните коридори и соработката во областа на земјоделството -
Минисерот Чавушоглу нагласи дека интеграцијата на транспортните системи во регионот, како и ефикасното користење на транспортните коридори се други важни точки од дневниот ред. Турскиот министер истакна дека приоритет треба да биде ефективната примена на Рамковниот договор за транзитен транспорт (ТТФА) и завршувањето на транспортниот коридор Исламабад – Техеран – Истанбул.
Чавушолу потсети дека овој регион е богат со енергетски извори, и нагласи дека Турција е подготвена да даде поддршка за овие извори да се нудат на меѓународниот пазар.
Турскиот шеф на дипломатијата, Чавушоглу истакна дека функционирањето на земјоделскиот сектор има големо значење во постигнувањето безбедност на храната, и нагласи дека Регионалниот координативен центар на ЕКО (ЕКО-РКЦ) има значајна улога во оваа насока. Тој посочи дека и еколошката политика е едно од полињата во кои треба да се продлабочи соработката, и нагласи дека земјите-членки треба да ги споделат своите искуства за да се развиваат проекти во ова поле.
- Процена на потенцијалот за туризам во регионот -
Министерот Чавушоглу истакна дека земјите во регионот располагаат со природни убавини, богато историско минато, како и културен диверзитет, и рече дека овие можности можат да се искористат и оти Турција како една земја-лидер во областа на туризмот е подготвена да ги сподели своите искуства со земјите-членки на ЕКО.
Чавушоглу истакна дека веруваат во тоа оти потребно е да се прифати визијата за 2025 на ЕКО, и дека инклузивниот и ефикасниот процес на реформите ќе ја придвижи оваа организација уште понапред. Министерот за крај нагласи дека е мошне значеајно определувањето на приоритетите во областите трговија, инвестиции, транспорт и енергетика, и фокусирањето на нив.