Bedrudin Brljavac
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
САРАЕВО (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу порача дека геноцидот во Сребреница никогаш не смее да се заборави, известува Агенција Анадолија (АА).
„На 27-годишнината од геноцидот во Сребреница, црната дамка во историјата на човештвото, се присетуваме на убиените браќа и сестри Бошњаци. Никогаш нема да заборавиме!“, напиша Чавушоглу на Твитер.
Денеска со колективен погреб и закопување на посмртните останки, на вечен мир ќе бидат испратени 50 жртви на геноцидот.
На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се закопани 6.671 жртва од геноцидот кој тогашната војска на Република Српска под команда на воениот злосторник Ратко Младиќ го извршила над Бошњаците во градот Сребреница во 1995 година.