Muhammed Ali Toruntay
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
АНКАРА (АА) – Омер Челик, портпаролот на Партијата за правда и развој (АК партија), нагласи дека изјавите на Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Северна Македонија треба да бидат земени предвид од страна на официјалните власти и дека тоа е значајно поради точноста на резултатите од пописот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Челик одржа прес-конференција за време на состанокот на Централниот управен одбор кој беше предводен од претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој, исто така е и претседател на АК Партијата.
Во врска со пописот во Северна Македонија, Омер Челик нагласи: „Во рамките на овој попис имаше многу силни повици од претставниците на турската заедница. Ние ги слушнавме повиците и изјавите на претставниците на турската заедница дадени во врска со овој попис во Северна Македонија и внимателно ги оценивме. Знаете, ова е попис спроведен во 2021 година, а резултатите беа објавени на 30 март. Изјавите на Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Северна Македонија треба да бидат земени предвид од страна на официјалните власти. Тоа е значајно поради точноста на резултатите. Би сакал да истакнам дека ги слушаме и ги следиме легитимните интереси и права на турската заедница во Македонија и ги проценуваме со сета нивна чувствителност.“