Almir Terzic
14 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Според словенечката полиција во текот на викендот во Словенија влегле 7.287 мигранти, додека ова утро до шест часот, дополнителни 1.042, јавува Anadolu Agency (АА).
Во исто време од Словенија во Австрија во текот на викендот се префрлени 7.746 мигранти, а утринава 400 нови луѓе.
Во моментов во прифатните центри во Словенија се наоѓаат 2.202 лица. Во прифатниот центар Добова Леарница се наоѓаат 1.570 мигранти, а во Центарот за странци вкупно 24.
Според словенечката полиција, од 16-ти октомври до утринава во шест часот, во Словенија влегле вкупно 322.773 мигранти, додека во исто време во Австрија почнувајќи од 20-ти октомври до утринава се префрлени вкупно 309.468 мигранти.