Zülfiya Yakup
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи оцени дека договорот помеѓу локалните и централните институции на Косово за рушење на sидот во Северна Митровица е доказ дека секој проблем може да се надмине со меѓуинституционален дијалог. Тачи на својот Фејсбук профил напиша дека ова е вистинскиот пат кој треба да го следат сите, бидејќи, како што наведе, само со заеднички анганжман може да се подобри благосостојбата на граѓаните на Косово и да се зајакне мирот и стабилноста во оваа земја и регионот", пренесува Anadolu Agency (AA).
Косовскиот претседател порача дека Косово ги гарантира правата и слободите на секој граѓанин и без оглед на етничката припадност, сите треба да се чувствуваат еднакви.
„Повеќе националности е нашето богатство, но реториката на омразата и вплеткување од страна можат да и наштетат на нашата хармонија. Косово е недделиво повеќе и веќе нема да има барикади и sидови, туку само мостови кои спојуваат",напиша Тачи.
Во меѓувреме, одборниците на Собранието на општина Северна Митровица едногласно денеска го усвоија договорот за рушењето на sидот кај мостот на Ибар, кој нивниот градоначалник вечерва го постигна со Владата на Косово.
Градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ изјави дека договорот е постигнат поради зачувување на мирот и спуштање на тензиите. Ракиќ рече дека се надева дека утре во текот на денот ќе започне отстранувањето на sидот, а во понеделник, евентуално во вторник, ќе се започне со изградбата на нова структура. Тој објасни дека е договорено, новиот sид да биде значително понизок од постоечникот, да биде поставен два метри над сегашниот и дека ќе служи како заштита, за автомобилите кои нема да можат да преминат во делот на пешачката зона каде сега се гради пешачката зона во главната улица Крал Петар во Северна Митровица.
Градоначалникот на седницата на Собранието ги претстави сликите на идната созна околу главниот мост, истакнувајќи дека е договорено во едниот дел од пешачката зона да се наоѓаат челични столбови со кои ќе биде управувано со далечински управувач. Со помош на тие челични столбови во некои итни случаи, пешачката зона може да се отвори за сообраќај и тоа само за возила на брза помош и противпожарникарно возило.
Исто така нагласи дека клучот или далечинскиот управувач ќе го имаат дежурните служби на брза помош и дежурна противпожарникарна служба. Владата на Косово рано утрово постигна договор со српските претставниси, спорниот sид до мостот во Северна Митровица да биде срушен. Српските локални власти во Митровица на почетокот на декември 2016. година изградија потпорен sид покрај мостот на Ибар висок два метри, што предизвика бурни реакции кај властите во Приштина и припадниците на албанската заедница.
Договорот за рушење на sидот го потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Ферат Шаља, градоначалникот на Северна Митровица Горан Ракиќ и зменик премиерот, Бранимир Стојановиќ.
На потпишувањето на овој договор присуствуваа и косовскиот премиер Иса Мустафа, шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Косово Наталија Апостолова и амбасадорот на САД на Косово Грег Делави.