Andjelija Stojkovic
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека амбасадорката и службениците на амбасадата на Србија во Скопје се повлечени во Србија бидејќи имаат информации за „многу офанзивно разузнавачко делување против органите и институциите на Србија“, јавува Anadolu Agency (АА).
Тој рече дека доказите за тоа надлежните органи му ги презентирале нему и на Владата на Србија, но дека Србија ќе продолжи да развива пријателски односи со Македонија.
„Наше е само нашите луѓе да бидат подготвени и да се заштити пријателството на Србите и Македонците, но и да знаеме како е да се делува во поинакво и ново опкружување кое нам не ни беше познато до пред неколку месеци“, им изјави Вучиќ на новинарите по посетата на Коридорот 11.
Тој додаде дека за седум до 10 дена сѐ ќе биде вообичаено.