Andjelija Stojkovic
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека дел од персоналот на српската амбасада во Македонија ќе се врати следната недела во Скопје и дека амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ ќе се врати кога ќе завршат консултациите во Белград, пренесува Anadolu Agency (АА).
„Веќе следната недела, по состаноците со претседателот Александар Вучиќ, дел од нашиот персонал ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорката ќе се врати подоцна, кога ќе завршат сите консултации во Белград“, рече Дачиќ за агенцијата „Tanjug“ (Танјуг).
Тој повтори дека: „Недвосмислено е утврдено дека е зајакнато офанзивното разузнавачко делување кон Србија во целина, и кон амбасадата“ и додаде дека во тоа е вмешан и надворешен фактор.
„Ќе преземеме мерки за да ги заштитиме нашите интереси и да ги преиспитаме нашите капацитети за работа во такви околности. Ние недвосмислено сакаме добри односи со Македонија, бидејќи сме соседи, имаме заеднички интереси, ние сме два блиски народи“, рече Дачиќ.