Elvır Hodzıc
28 Ноември 2020•Ажурирај: 29 Ноември 2020
САРАЕВО
Главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ) Сараево утрово е на прво место на табелата на најзагадените градови во светот, покажуваат податоците на интернет страницата „IQAir", јавува Anadolu Agency (AA).
Швајцарскиот „IQAir" има повеќе од 10.000 мерни станици ширум светот и ги прикажува мапите на квалитетот на воздухот ширум светот.
На прво место на табелата на најзагадените градови утрово се наоѓа Сараево со индекс на квалитет на воздухот од 191.
На второ место е Софија, главниот град на Бугарија, со индексот на квалитето на воздухот од 188, а на трето место е рускиот град Краснојарск со индекс 178.
Њу Делхи, Лахор, Калкута, Џака, Милано, Приштина и Вухан утрово се наоѓаат меѓу десетте најзагадени градови.
Главниот град на Република Северна Македонија, Скопје, моментално, се наоѓа на 95 место на мапата на квалитетот на воздухот. Белгград се наоѓа на 16 место со индекс на квалитетот на воздухот од 123, додека Загреб е на 43 место со индекс 68.
Поради загаденоста на воздухот Владата на Кантонот Сараево вчера прогласи предупредување. Се препорачува избегнување на активностите надвор и останување дома.