Fatjon Cuka
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Вкупниот број на потврдени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 64 лица, вклучувајќи и два смртни случаја, а во меѓувреме продолжува тестирањето на сомнителните случаи, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека по тестирањето на најновите случаи, потврдени се пет нови случаи на Ковид-19, од кои тројца се италијански државјани.
„Во последните 24 часа се тестирани 32 сомнителни случаја, од кои се потврдени пет нови случаи на Ковид-19, меѓу кои тројца се италијански државјани кои моментно се во Албанија, како и 80-годишен и 42-годишен маж од Каваја. До денес се тестирани 697 сомнителни случаи и од нив 64 случаи се потврдени како позитивни со Ковид-19“, се вели во соопштението.
Од потврдените позитивни случаи, 45 се во Тирана, шест во Фиер, пет во Драч и по два во Лушње, Елбасан, Рогожине и Каваја.
Министерството за здравство и социјална заштита потенцираше дека продолжуваат да ги тестираат сомнителните случаи како важен елемент за прекинување на линијата за пренесување на инфекцијата со Ковид-19.
Институциите во Албанија презедоа бројни мерки против ширењето на новиот коронавирус, како што се затворање на образовните институции, забрана за влез на патници од соседните земји, суспензија на летови до неколку држави, суспензија на урбаниот транспорт и движењето на приватните возила и ограничување на движењето на граѓаните.