Fatjon Cuka
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија се откриени уште 6 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 76 лица, меѓу кои и две починати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се наведува дека се потврдени уште 6 нови случаи на Ковид-19, додека двајца пациенти се излекувани, и тие по отпуштање од болница треба да се самоизолираат во времетраење од 14 дена.
„Во последните 24 часа беа тестирани 46 сомнителни лица, од кои потврдени се 6 нови случаи со Ковид-19. Од нив 5 случаи се од Тирана и еден пациент од Фиер. Досега беа тестирани 778 сомнителни случаи, од кои вкупно 76 се позитивни на Ковид-19“, се вели во ова соопштение.
Според ова министерство, 59 отсто од потврдените случаи се мажи, 41 отсто се жени.
Се истакнува дека 55 од овие случаи се откриени во Тирана, 8 во Фиер, 5 во Драч, и по 2 случаја се откриени во Елбасан, Рогожина, Каваја и Лушње.