Fatjon Cuka
22 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија почина уште едно лице поради новиот вид коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението на ова министерство се вели дека почина 71-годишниот пациент кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Тирана, кај кого беше потврден Ковид-19. Пациентот бил болен од рак, и од неколку болести.
Инаку, во земјата се откриени вкупно 89 случаи на Ковид-19, меѓу кои три починати.